Велес

Отворена изложба на икони од Крсте Зограф, стари и по два века

09.10.2024 11:58

14 икони дело на Крсте Зогораф од Велес, за прв пат се пред македонската јавност. Оваа изложба е можност да се започне да се истражува и афирмира неговото дело, оти тој е малку познат во културната јавност во државата …

Оваа изложба ќе биде еден од најзначајните културни настани годинава во градот, оти за прв пат пред јавност се претставуваат икони од Крсте Зограф, иконописец од Велес, кој творел во периодот од втората до четвртата деценија на XIX век, воглавно на територијата на денешна Македонија, во поголем дел анонимни. Само девет икони од стотината познати се со негов потпис.

Крсте Зограф е претставен со 14 икони и 20 фотографии од икони, кои не можат да се преземат од црквите каде се наоѓаат и претстават на изложбата. Тој заедно со Теодосиј Зограф се најпознатите зографи од Велес, кои работеле низ Македонија. Најстарата изложена икона е Св. Архангел ја мачи душата на богатиот, која се чува во параклисот Св. Ѓорѓија, нацртана е 1815 година.

Негов син е Хаџи Косте Зограф, кој се потпишал на фреските кои ги цртал, дека е фотограф и син на Крсте Зограф.

 

Петар Печков