Филипче: Бараме итна затворена седница
Филипче истакна дека во Собранието треба да се расчистат овие „дисонантни тонови“, бидејќи тоа е местото каде што треба да се дискутира за иднината на државата и клучните прашања во врска со патот на Македонија кон Европската унија.
Ќе го почекаме Мицкоски да го прифати барањето за затворена седница за да информира за планот за евроинтеграции, ако тоа не го стори ќе ги употребиме сите механизми таа седница да се одржи преку формално барање до Собранието – вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Смета дека владата дава различни и конфузни изјави за евроинтегративниот процес.
„Сметам дека тие конфузни изјави, тие дисонантни тонови во Владата коишто оставаат впечаток дека таму владее една целосно бесперспективност, мора да се расчистат во Собранието. Мора да знаеме кој е планот на Владата ако воопшто го има и како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат“- изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче истакна дека во Собранието треба да се расчистат овие „дисонантни тонови“, бидејќи тоа е местото каде што треба да се дискутира за иднината на државата и клучните прашања во врска со патот на Македонија кон Европската унија.
Нема никакво право, ниту политичко, ниту етичко, морално, напротив има обврска пред граѓаните да го продолжи тој пат којшто го очекува огромно мнозинство на граѓаните, и потврдено преку огромната поддршка на граѓаните на сите анкети направени досега наназад. Тоа е местото каде што се дискутира- изјави Филипче.
