Влада
Мицкоски ќе учествува на Самитот „Украина-Југоисточна Европа“ во Дубровник
09.10.2024 12:50
Самитот ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а свое излагање ќе има и претседателот на Украина Володомир Зеленски...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе учествува на Самитот „Украина -Југоисточна Европа“ кој се одржува во Дубровник, Хрватска. Самитот ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а свое излагање ќе има и претседателот на Украина Володомир Зеленски.
Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина. На Самитот се најавени претставници од 12 држави од регионот.
Во македонската делегација која ја предводи премиерот Мицкоски е и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.
