Влада

Митева: 250 евра ваучер за таблети за сите студенти и финансиска помош до 30.000 евра за бизнис

09.10.2024 13:14

Овие ваучери ќе им овозможат на студентите да ги стекнат алатките што им се потребни за целосно да учествуваат во нивното образование, велат од Владата и додаваат-знаењата и вештините стекнати со користење на технологијата се од витално значење за нивните идни кариери и личен развој

250 евра ваучери за студенти за електронски уред, но и финансиска поддршка до 30.000 евра за започнување бизнис за млади, најави Владата. Отпочната е комуникација со компаниите во делокругот на информатичката технологија кои до крајот на оваа година треба да финализираат и истите да резултираат со утврдување на пристап кој е најповолен и преку кој ќе се изнајде најдобра методологија за распределба на обезбедените финансиски средства, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева.

Овие ваучери ќе им овозможат на студентите да ги стекнат алатките што им се потребни за целосно да учествуваат во нивното образование, велат од Владата и додаваат-знаењата и вештините стекнати со користење на технологијата се од витално значење за нивните идни кариери и личен развој.

По финализирањето на преговорите со ИТ компаниите кон крајот на оваа година ќе обезбедиме повеќе детали за процесот, како и насоки за тоа како младите ќе можат да ги максимизираат придобивките од овие ваучери. Ги охрабруваме студентите и родителите целосно да ја искористат оваа можност, нагласи портпаролката Митева.