Комплетирана листата на 1/8 финалистите
По четири англиски и германски екипи, три шпански и „останатиот“ дел од Европа кој го сочинуваат Франција, Италија, Грција, Русија и Турција со по еден претставник, е натпреварувачката структура од нокаут фазата во Лигата на фудбалските шампиони.
Завршната сеанса од групната фаза ги даде последните патници за 1/8 финалето.

Од Е групата Шалке со победата над Базел во директниот дуел му се придружи на веќе пласираниот Челзи. Расплетот во Ф групата со многу драматика на крај се заврши поволно за Борусија Дортмунд по победата во Марсеј. Наполи остана покус само за еден гол во тешката мисија против Арсенал. Во Г групата Зенит беше „среќен губитник“ во Виена, бидејќи и Порто беше надигран во Мадрид од разиграниот Атлетико. На Сан Сиро Милан го зачува потребниот бод против Ајакс што го одведе во следната фаза.Во натпреварот од Б групата во Истанбул меѓу Галатасарај и Јувентус, кој поради невреме беше прекинат и дополнително одигран, турскиот првак славеше со 1:0 и ги продолжува настапите во Лигата на шампионите.
Е група:
Челзи- Стеауа 1:0
Шалке- Базел 2:0
Табела
1. Челзи 12
2. Шалке 10
3. Базел 8
4. Стеауа 3
Ф група
Наполи- Арсенал 2:0
Марсеј- Борусија Д. 1:2
Табела
1. Борусија Д. 15
2. Арсенал 15
3. Наполи 15
4. Марсеј 0
Г група
Атлетико М- Порто 2:0
Аустрија Виена- Зенит 4:1
Табела
1. Атлетико М. 16
2. Зенит 6
3. Порто 5
4. Аустрија 5
Х група
Барселона- Селтик 6:1
Милан- Ајакс 0:0
Табела
1. Барселона 13
2. Милан 9
3. Ајакс 8
4. Селтик 3
Базел, Наполи, Порто и Ајакс како третопласирани во групите ќе им се приклучат на екипите кои се натпреваруваат во Лигата на Европа. Извлекувањето на двојките од 1/8 финалето во Лигата на шампионите ќе се одржи на 16 декември во Нион.