Собран родот на узурпаторите на државно земјоделско земјиште
Засилената контролатa на држвните ниви. Испекторите го собираат родот на узурпираното земјоделско земјиште, а виновниците може да одговаараат и за кривично дело...

Инпекторите ја ожнеаа пченицата од државна нива покрај патот Неготино – Штип на која бесправно било посеано жито. Земјиштето е со површина од 20 хектари и ако узурпаторот го ожнеел, ќе заработел скоро 10 илјади евра.
Според Законот, родот и припаѓа на државата. Пченицата ќе се предаде во стоковите резерви или продаде.
Ова е прв случај на узурпација од поголем обем. Досега имало помали за кои биле поднесени прекршочни и кривични пријави.
Стратегијата на Министерството за земјоделство е државното земјоделско земјиште да се доделува под закуп со прифатливи цени, почвата правилно да се користи и да се намали незаконското обработување на државните ниви.
Методија Трајков
