Одбрана

Мисајловски: Ситуацијата во Либан е загрижувачка

09.10.2024 13:23

Ситуацијата во Либан каде имаме тројца мировници е многу загрижувачка и ќе влијае и на Македонија и Европа и затоа е потребно дипломатско решение на конфликтот, смета министерот за одбрана...

Безбедносната ситуација е стабилна, редовно се гледаат терористички групи од регионот, но засега нема простор за загриженост, оценува министерот за одбрана Владо Мисајловски. Од друга страна, ситуацијата во Либан каде имаме тројца мировници е многу загрижувачка и ќе влијае и на Македонија и Европа и затоа е потребно дипломатско решение на конфликтот. Мисајловски најави дека наскоро ќе испратиме нова воена и хуманитарна помош за Украина. Наредната година се зголемува воениот буџет и вложувањата во модернизацијата и условите за работа на Армијата.

Известува Ирина Гелевска