Тропска бура

Ураганот „Кирк“ пристигнува во Европа

09.10.2024 14:12

Ураганот Кирк се движи низ Европа, класифициран како тропска бура. Влијанијата веќе се чувствуваат во Португалија и северозападна Шпанија...

Ураганот Кирк се движи низ Европа, класифициран како тропска бура. Влијанијата веќе се чувствуваат во Португалија и северозападна Шпанија.

Во Порто, Португалија, регистрирани се поплави, паднати дрвја и затворени училишта. Повеќе од 300 илјади луѓе останаа без електрична енергија.

Од западниот брег на Европа, бурата ќе продолжи кон исток-североисток и ќе стигне до Франција, северозападна Швајцарија и потоа југозападна Германија. Можно е дождовите да ја зафатат и Белгија.