Свет

Зеленски и Пленковиќ потпишаа Договор за долгорочна соработка

09.10.2024 14:46

Во Дубровник, самит Украина-Југоисточна Европа на кој учествува и претседателот на владата Христијан Мицкоски, а во делегацијата која ја предводи е и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски...

Жестоки борби на украинскиот фронт. Соборени дронови на двете страни. Москва тврди за успешниот напредок во Доњецк. Киев, пак, дека во Брјанск уништиле складиште со муниција, вклучително и ракетно оружје испорачано од Северна Кореја.

Во истовреме, во Дубровник, самит Украина-Југоисточна Европа на кој учествува и претседателот на владата Христијан Мицкоски, а во делегацијата која ја предводи е и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Меѓу главните точки на самитот се осудата на руската агресија, поддршката за мировниот план на Зеленски, како и членството на Украина во НАТО. Претседателот Зеленски и премиерот Пленковиќ го потпишаа Договорот за долгорочна соработка меѓу двете земји.