Труење е веројатната причина за смртта на мајката и ќерката од Слатино
МВР и тетовското јавно обвинителство интензивно работат на расчистување на настанот во тетовското село Слатино. Првичните сознанија од обдукцијата упатуваат на труење, како веројатна причина за смртта на двете лица. Од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи...

МВР и тетовското јавно обвинителство интензивно работат на расчистување на настанот во тетовското село Слатино, каде што беа пронајдени починати мајка и ќерка. Првичните сознанија од обдукцијата упатуваат на труење, како веројатна причина за смртта на двете лица, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи, со цел да се утврди точната причина за труењето. Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство.
„Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од другите членови на семејството, татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив. Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот, стои во соопштението од Јавното обвинителство и од МВР.
Мајката и четиригодишната ќерка беа пронајдени мртви во нивната семејна куќа во Слатино. Првичните сознанија на истражните органи покажале дека немало траги на насилство. Мажот и малолетниот син беа префрлени во тетовската болница. Случајот во тетовската полиција го пријавил доктор од селото.
Александра Спировска
