Опозицијата бара власта да се изјасни за следните чекори за патот кон ЕУ
Ќе го почекаме Мицкоски да го прифати барањето за затворена седница за да информира за планот за евроинтеграции, ако тоа не го стори ќе ги употребиме сите механизми таа седница да се одржи преку формално барање до Собранието – вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Од ДУИ велат Владата ја дефокусира јавноста. Од Владата став - остануваме посветени на интеграциите...

Кој е планот на Владата за евроинтегративниот процес-прашува претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој побара од премиерот Мицкоски да одговори за иницијативата за затворена собраниска седница на кој ќе ги претстави следните чекори за евроинтегративниот пат. Собранието е место каде се носат вакви одлуки-вели Филпче. Јавноста има потреба да знае во која насока се движи земјата, посебно кога од Илинденска доаѓаат спротивставени ставови. Тие на премиерот Мицкоски и на министерот за европски прашања Муртезани.
И ДУИ со барање за јасен став на Владата по ова прашање. Интегративците оценуваат дека Владата има деструктивен пристап кон македонските евроинтеграции.
Од Владата одговорија „остануваме посветени на евроинтегративниот процес“. Кога ќе биде подготвено решението за Европската Унија јавноста ќе биде информирана.
Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Орхан Муртезани вчера изјави дека Брисел не гледа со голем оптимизам за предлогот на Владата за уставни измени со одложено дејство, но дека не го отфрлува целосно.
Марина Стојанова-Тонева
