Македонија

Вработувања по етнички клуч веќе нема да има, Уставен го укина „балансерот“

09.10.2024 17:00

Уставниот суд на денешната 27-ма седница одлучи да го укине „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции...

Вработувања по етнички клуч повеќе ќе нема. Услов за добивање на работно место во јавниот сектор ќе биде стручноста и компетентноста. Уставниот суд го укина „балансерот“. Одлуката е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Претседателот на Судот Костадиновски вели оти алатката ги крши уставните начела за слобода на изразување на националната припадност, достапноста до работно место и забрана за дискриминација.

Костадиновски смета дека не се прекршени ничии права и побара одлуката да не се политизира и етнизира. Според него, нечуено е да се тврди дека Уставниот суд посакува дестабилизација на државата.

Укинувањето на „балансерот“ следува откако на 18-ти септември Судот отвори предмет и ја замрзна неговата употреба се до носење на конечната одлука.

 

Анита Димитријевска – Велковска