Македонија

Еколошките здруженија задоволни од одлуката на Врховен суд

09.10.2024 17:47

Еколошките здруженија како позитивна ја оценуваат одлуката државата да се задолжи да обезбеди чист воздух, вода и животна средина, а во спротивно, граѓаните да имаат право на тужба пред Управниот суд…

Еколошките здруженија задоволни од одлуката на Врховниот суд за обезбедување на правото на здрава животна средина, донесена на иницијатива на адвокатско здружение од Охрид.

Како позитивна ја оценуваат одлуката државата да се задолжи да обезбеди чист воздух, вода и животна средина, а во спротивно, граѓаните да имаат право на тужба пред Управниот суд.

Ова е добар чекор напред во борбата со загадувањето, кој ќе овозможи и поголема ангажираност и одговорност на институциите, кои неретко досега се прогласуваа за ненадлежни, велат од еколошкото здружение „О2“, додавајќи дека средствата од буџетот предвидени за оваа проблематика се многу мали.

И граѓаните се надеваат дека одлуката на Врховен соодветно ќе се имплементира.

Со одлуката на Врховниот суд, сега судската власт застанува во одбрана на правата на граѓаните, во оние случаи кога органите на управата не се ефикасни во заштитата на уставното право на здрава животна средина.

Марија Котовска