Прилепската болница со долгови, ама нема проблем со услугите за пациентите
Прилепската болница има блокирана сметка и долгови од преку 3 милиона евра, соопшти новото раководство на болницата и уверува – нема застој во давањето здравствени услуги за пациентите. Од полицијата две недели ја анализирале документацијата.

Со блокирана сметка и долг од преку 3 милиони евра работи прилепската болница каде велат – и во ваква состојба нема проблем во пружањето здравствени услуги за пациентите.
За големите долгови новото го обвинува старото раководство, а полицијата ја истражувала документацијата.
Болницата нема доволно кадар во сите одделенија, најмногу на рендген одделението и на анестезија. За оваа година досега немаат одобрување за вработување, за догодина имаат барање за 30 општи лекари.
Во прилепската болница се надеваат и на вработување приватни специјализанти кај кои имало интерес за работа во јавното здравство. Инаку, Болницата нуди здравствени услуги на преку 100.000 жители во регионот.
Елизабета Митреска
