Европски парламент

Жестока дебата во Европскиот парламент во Стразбур

09.10.2024 19:31

Жестока дебата во Европскиот Парламент. Време е Унијата да го забрза процесот на проширување – порача унгарскиот премиер Орбан. Унгарија ја доведува во ризик европската безбедност – критики од Фон дер Лајен до Будимпешта за проруски став...

Жестока дебата во Европскиот парламент во Стразбур. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека е близок со рускиот претседател Путин и затоа не сака да им се придружи на партнерите од ЕУ во помагањето на Киев.

Премиерот Орбан вели дека Европа е на пат да го изгуби конфликтот во Украина и додаде дека мора да се зборува за примирје и поинаква стратегија. Меѓу жешките теми и миграцијата и олеснетата процедурата на Унгарија за визи за руските граѓани.

Премиерот Орбан, кој го претставува унгарското претседателство со Парламентот, предупреди дека Европа можеби се соочува со најсериозниот момент во нејзината модерна историја и нагласи дека илегалната миграција е голем товар за ЕУ, а особено за државите на надворешните граници на Унијата.