„Милтон“ ја зафати Флорида, се закануваат опасни поплави
Според Националниот центар за урагани на заливот Тампа забележани се удари на ветер од 161 километар на час...

Ураганот „Милтон“ ја зафати Флорида и донесе силен ветер и дожд, се закануваат опасни поплави. Иако ураганот ослабна на категорија 3, сепак за граѓаните постои голема опасност. Според Националниот центар за урагани на заливот Тампа забележани се удари на ветер од 161 километар на час. Националната гарда е подготвена за операции за пребарување и спасување, околу 9.000 гардисти се на теренот. Претседателот Бајден побара граѓаните да останат на безбедно и да бидат внимателни.
„Две историски бури за две недели. Сакам да им се заблагодарам на сите што ги следеа локалните упатства за евакуација. Знам дека е навистина тешко да го оставите зад себе вашиот дом, вашите работи, сè што поседувате. Но, ги повикувам сите на патот на ураганот Милтон да ги следат сите безбедносни упатства додека се движиме во следните 24 часа. Тоа е буквално прашање на живот и смрт“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.
Американските власти издадоа предупредување до 5,5 милиони луѓе да се евакуираат од западниот брег на Флорида. Милтон претходно се засили до категорија 5 и е очекуван како најсилната бура што некогаш ја погодила Флорида.
