Економија

Седница на Економско-социјалниот совет

10.10.2024 08:18

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во вторникот на прес-конференција изјави дека со работодавците и синдикатите ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачување на минималната плата...

Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да ја одржи првата седница по формирањето на новата Влада.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во вторникот на прес-конференција изјави дека со работодавците и синдикатите ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачување на минималната плата.

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра во првите 100 дена од Владата, Дурмиши истакна дека според законот покачувањето на минималната плата треба да се случи во март идната година.