Битки на фронтот, жртви во напад врз Одеса
Москва соопшти дека руските војници ја вратиле контролата врз уште две населени места во областа Курск...

Пет лица загинаа, а девет се повредени во ракетен напад на пристаниште во областа Одеса. Москва соопшти дека руските војници ја вратиле контролата врз уште две населени места во областа Курск.
И додека на фронтот продолжуваат битките, Зеленски повторно побара политичка и друга поддршка на самитот Украина-југоисточна Европа во Хрватска.
„Не е важно дали Путин ќе го прифати Планот за победа или нема. Важно е да се добие поддршка од оние кои ја зајакнуваат Украина, а не ја ослабуваат. За таа цел го создадовме нашиот план. Слабоста на кој било од нашите сојузници ќе го инспирира Путин. Затоа ние бараме планот да не зајакне, во однос на безбедносните гаранции, во однос на оружјето, во однос на нашата иднина по оваа војна“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се согласија Брисел да одвои 35 милијарди евра за поголем, планиран заем од Г7 на Украина. Заемот ќе ги користи замрзнатите средства на руската централна банка.
