САД

Ураганот „Милтон“ удри на Флорида, регистрирани првите жртви

10.10.2024 09:25

Стотина станбени објекти се уништени. Регистрирани и првите жртви. Повеќе од два милиона луѓе останаа без електрична енергија. Околу 9.000 припадници на Националната гарда се на терен.

Западниот брег на Флорида на удар на ураганот Милтон. Силен ветер и дожд ја зафати сојузната држава, се стравува од појава на опасни поплави. Властите велат дека најлошото од „Милтон“ можеби ја помина Тампа, но сепак е премногу опасно да се излезе надвор.

Паднатите далноводи и другите опасности лесно може да станат фатални, вклучително и езерца на улиците кои се многу подлабоки отколку што изгледаат.

Стотина станбени објекти се уништени. Регистрирани и првите жртви. Повеќе од два милиона луѓе останаа без електрична енергија. Околу 9.000 припадници на Националната гарда се на терен.

Претседателот Бајден побара граѓаните да останат на безбедно. Ова е втор ураган на Флорида за само две недели, по „Хелена“, која однесе десетици жртви.