МВР

Приведен криминалец од струмичко осуден на три години и шест месеци казна затвор

10.10.2024 11:41

Тој бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница...

Синоќа во 23.40 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.П.(22) од село Ангелци.

Тој бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.