Европа

Најмалку едно лице загина во ураганот „Кирк“, повеќе од 65 илјади домаќинства останаа без струја

10.10.2024 11:01

Најмалку едно лице загина во јужниот дел на Франција. Повеќе од 65 илјади домаќинства останаа без електрична енергија.

Во Европа беснее ураганот „Кирк“, кој ослабна во тропска бура. Најмалку едно лице загина во јужниот дел на Франција. Повеќе од 65 илјади домаќинства останаа без електрична енергија.

Железничкиот сообраќај е во прекин во пет региони поради поплави и паднати дрвја. Дожд и ветер претходно ја зафатија Португалија и северозападна Шпанија.

Од западниот брег на Европа, бурата продолжи кон исток-североисток. Синоптичарите велат дека Кирк би можел да донесе неколкучасовен силен дожд и силен ветер и во делови од Обединетото Кралство.