Здравство

Таравари: Ќе излеземе со извештај за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе

10.10.2024 11:39

Министерот за здравство вели дека откако ќе се објават извештаите, останува на судските и истражните органи да делуваат...

Или денеска или во понеделник најдоцна, како Министерство за здравство ќе ги кажеме сите детали за жената којашто беше бремена од Куманово, а која почина и за детето, 14-месечно, кое почина во Клиниката за педијатрија, изјави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. Додаде дека натаму останува на судските и истражните органи да делуваат.

Запрашан во врска со случајот во кој починаа мајка и дете во тетовското село Слатино, тој одговори дека уште еден член од семејството треба да се прегледа и да се види евентуално да нема и тој последици, ако навистина причината за смрт е труење.

Околу вакцините за сезонски грип, Таравари изјави дека веќе се стигнати и почнува нивната дистрибуција низ државата.