Политика
Средба на Мицкоски со Зеленски во Дубровник
10.10.2024 12:15
Му изразил поддршка за стремежот за остварување на целта за траен мир.

Премиерот Мицкоски во Дубровник на Самитот во Украина се сретна со украинскиот претседател Зеленски. Му изразил поддршка за стремежот за остварување на целта за траен мир.
Во составот на македонската делегација беше и министерот за надворешни Муцунски.
Самитот „Украина-Југоисточна Европа“ го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Ова е трет самит организиран во овој формат. Првиот беше во август 2022 година во Атина, а вториот во февруари годинава во Тирана. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина.
