Рафаел Надал најави крај на кариерата
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, на социјалните мрежи објави дека на крајот од сезоната ќе стави крај на професионалната кариера. Последниот турнир на Шпанецот ќе биде финалето на Дејвис купот во Малага, во ноември...

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, на социјалните мрежи објави дека на крајот од сезоната ќе стави крај на професионалната кариера. Последниот турнир на Шпанецот ќе биде финалето на Дејвис купот во Малага, во ноември.
„Поздрав до сите. Овде сум да ве информирам дека ставам крај на мојата професионална кариера. Реалноста е дека имав тешки години зад мене, особено тешки беа последните две“, објави Надал.
На социјалните мрежи им се заблагодари на сите на неколку светски јазици, меѓу кои и на српски.
Во текот на кариерата Надал освои 22 Гренд слем титули, 14 од нив се на Ролан Гарос. Освен во Париз, Надал има четири титули на Ју-ес опен, а две на Австралија опен и Вимблдон.
Шпанецот најголемите битки ги водеше со Новак Ѓоковиќ, против кого одигра најмногу гренд слем финалиња во кариерата, но често споменуваше дека Роџер Федерер му бил најголемиот ривал.
Во кариерата освои вкупно 92 титули, што го прави петтиот најуспешен тенисер во опен ерата.
