РКЕ

Поскапува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

10.10.2024 13:01

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се зголемува за 1,254 денари и еден килограм ќе чини 44,034 денари...

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се зголемува за 1,254 денари и еден килограм ќе чини 44,034 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.