Велковски: Деинституционализацијата е успешна доколку продолжи грижата за децата
Апелираше до стручните работници секој момент да го користат и да мотивираат граѓани кои би влегле во системот на згрижувачи, затоа што таа е најблагородната професија на целиот свет...

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на одбележување на 59-годишнината од основањето на ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје. Честитајќи ја годишнината, Велковски потсети на мисијата на Детскиот дом низ годините.
„Треба да разбереме дека деинституционализацијата не значи само преселба на корисниците од едно на друго место, туку значи да им понудиме различни социјални услуги во средината во која живеат и растат. И на крај враќање на децата во биолошките семејства. Токму тогаш ќе речеме дека процесот на деинституционализација е успешен процес во суштинска смисла на зборот“, изјави Велковски.
Апелираше до стручните работници секој момент да го користат и да мотивираат граѓани кои би влегле во системот на згрижувачи, затоа што таа е најблагородната професија на целиот свет. Велковски упати апел сите заедно да работиме за најдобриот интерес на овие деца.
