Ден на менталното здравје

Светски ден на менталното здравје - акцентот ставен на „согорување“ на работното место

10.10.2024 18:14

По короната, граѓаните станаа свесни дека имаат потреба од стручна помош. Начинот на живот секојдневно троши...

Докторката Митова на Клиниката за психијатрија секојдневно се среќава со пациенти кои го имаат синдромот на „прегорување“. Вели, обидувајќи се од една страна да одговорат на работните обврски, од друга страна им е личниот живот и семејството, ја губат среќата, волјата на живот, но „прегорувањето“ може да се спречи.

Поголем дел од нашето време во текот на неделата го поминуваме на работа, затоа е битно да се прашаме како се чувствуваме и да побараме помош.

Ризик фактори за „прегорување“ се прекумерно работно оптоварување, постојан стрес, дисбаланс помеѓу работата и личниот живот, недостиг на поддршка и признание.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски