Луксембург

Министрите на ЕУ на разговори за враќање на илегалните мигранти

10.10.2024 15:14

Министрите за внатрешни работи на земјите членки во Луксембург на состанок за прашањето за миграцијата, особено за враќањето на илегалните мигранти, баратели на азил, чии барања се одбиени...

Министрите за внатрешни работи на земјите членки во Луксембург на состанок за прашањето за миграцијата, особено за враќањето на илегалните мигранти, баратели на азил, чии барања се одбиени. Министрите разговараат како да се подобри системот за враќање на илегалните мигранти.

Во 2019-та година беше постигнат договор за предлогот за директива за враќање на илегалните мигранти, а Европскиот парламент сè уште не го дефинира својот став околу тоа.

Една од идеите е барателите на азил, чие барање е одбиено, да се испраќаат во прифатни центри надвор од ЕУ, од каде што би чекале да бидат вратени во земјите на потекло.