Балансерот укинат, но се спрема нов Закон
Балансерот укинат, владини партнери најавуваат нов Закон за правична застапеност. Министерот за администрација Минчев не ја коментира одлуката на Уставен, чека да ја види одлуката за да знаат како ќе се применува...

Да не се избрзува со носење на закон кој ја третира правичната застапеност на етничките заедници во јавниот сектор, порача министерот за администрација Горан Минчев. Според него, потребно е решение кое ќе биде одржливо на долг рок и во чие креирање ќе бидат вклучени и експертите.
Коалицискиот партнер Вреди тврди дека имаат готов Закон. Ги чекаат мислењата на меѓународните партнери, по што решението ќе влезе во собраниска процедура.
Со укинување на балансерот се удира по темелите на Рамковниот договор вели Зијадин Села кој е дел од Европскиот фронт.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека останува примената на начелото за соодветна и правична застапеност, но со објективни критериуми за избор на најдобриот кандидат за вработување.
Балансерот беше воведен во 2016-тата година.
Анита Димитријевска – Велковска
