Блиски Исток
Двајца членови на мировната мисија УНИФИЛ во Либан, ранети во израелски напад
10.10.2024 20:19
Високиот претставник за надворешна политика и одбрана Џозеп Борел го осуди израелскиот напад врз мировниците иако на израелските сили им биле познати позициите на мисијата...

Двајца мировници од мисијата на Обединетите нации во Либан – УНИФИЛ биле повредени во денешниот израелски напад врз три цели на мисијата во јужен Либан. Високиот претставник за надворешна политика и одбрана Џозеп Борел го осуди израелскиот напад врз мировниците иако на израелските сили им биле познати позициите на мисијата.
Македонија има тројца мировници во оваа мисија, кои се добро.
