Временска прогноза
Променливо облачно со локални врнежи
11.10.2024 08:34
Во петокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд...

Во петокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринските температури се движат меѓу 8 и 16, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 18 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе достигне до 25 степени.
