Македонија

11 Октомври- Ден на народното востание

11.10.2024 08:41

На свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, ќе се обрати претседателката Гордана Сиљановска Давкова, што под нејзино покровителство ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток во 13 часот. Македонската телевизија ќе врши директен пренос...

Денеска се чествуваат 83 години од Народното востание на македонскиот народ. На 11 Октомври 1941 година доаѓа до вооружен отпор против непријателот и со тоа почнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

Тоа е важен темел во борбата за самобитност и самостојност. Продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, во Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување.

По тој повод делегации од Владата, законодавниот дом, Кабинетот на претседателката, градоначалници, политички партии, здруженија и дипломатскиот кор ќе положат цвеќе на спомен-обележјата на ослободителите во Скопје, Прилеп и во Куманово.

На свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, ќе се обрати претседателката Гордана Сиљановска Давкова, што под нејзино покровителство ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток во 13 часот.

Македонската телевизија ќе врши директен пренос. Шефицата на државата Сиљановска Давкова со честитка до македонскиот народ. Повика-да ги надминеме меѓусебните делби и да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество.