Зеленски во Париз негираше дека се зборува за прекин на огнот
Украинскиот претседател Зеленски ја продолжува Европската турнеја и претставувањето на победничкиот план на Киев во Берлин. Од Париз ги демантираше наводите дека се разговарало за прекин на огнот. како што тврдеа медиумите...

Украинскиот претседател Зеленски ја продолжува Европската турнеја и претставувањето на победничкиот план на Киев во Берлин на средба со канцеларот Шолц. По посетата на Обединетото Кралство, Британија остана на ставот дека не дозволува Украина да користи оружје со долг дострел за напади на Русија. Зеленски оствари средби и со неговиот француски колега Макрон и италијанската премиерка Мелони.
Од Париз ги демантираше наводите дека се разговарало за прекин на огнот. како што тврдеа медиумите.
„Приоритет во конфликтот во Украина е вооружувањето на Киев, а не дипломатија. Видов во медиумите многу информации дека се зборува за прекин на огнот, но не. Русија работи со медиумите, со дезинформации, па затоа е разбирливо“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Додека Зеленски повикува на брзо зголемување на помошта од Западот, на фронтот продолжуваат разгорени борби.
