Јанукович: Опозицијата да не поставува ултиматуми
Околу 5 000 лица и натаму се на плоштадот Независност во центарот на Киев, црвсто решени да останат колку и да треба. Во моментот нема нарушувања на јавниот ред, и состојбата е релативно мирна. Украинскиот претседател Јанукович ги повика сите партии вклучувајќи ја и опозицијата на разговори за постигнување политички компромис, но и дека опозицијата не треба да го одбива и да не се служи со ултиматуми.
„Ве уверувам дека властите ќе дејствуваат исклучиво во законски рамки и нема да употребуваат сила врз мирни собири“, Виктор Јанукович, претседател на Украина.

Украинскиот премиер Азаров побара 20 милијарди евра помош за земјата да го потпише договорот за приклучување кон ЕУ, што Унијата го одби, но потенцира дека се уште може да се постигне договор.
Обединетите нации преку воздушен мост ќе достават стотици тони помош за луѓето во блокираните североисточни делови на Сирија. Десетици илјади луѓе чекаат на помош во деловите каде што патиштата со месеци се блокирани поради борбите. ОН повеќе пати апелираа до режимот на Асад да овозможи да се доставува помош за регионите што се блокирани, но досега без успех. Со новиот воздушен мост сега се согласија и сириската влада и ирачките власти.
Врховниот суд на Австралија едногласно ги забрани истополовите бракови, само неколку дена откако беше склучена првата брачна заедница меѓу партнери од ист пол во Камбера, со образложение дека законот не вреди да се признае. На одлуката на Врховниот суд се спротистави сојузната влада која тврди дека бракот во Австралија се регулира со федералниот закон, а не со законот на шест држави и две територии кои ја сочинуваат земјата.
На меѓународната вселенска станица се појавил дефект на пумпата за ладење, и засега нема опасност за шестчлениот екипаж. Од безбедносни причини, екипажот ги исклучил помалите оперативни системи за да се намали потрошувачката на електрична енергија. НАСА ги истражува причините за проблемот и додаде дека проблемот може да стане сериозен, но дека во моментот состојбата е добра.
Марина Автовска