Нашиот интернационалец ја замени Белгија со ОАЕ

Тричковски во Ал Наср

17.07.2014 12:16

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски ја напушти Белгија и во наредните две сезони ќе игра за Ал Наср од Обединетите Арапски Емирати.

Нашиот интернационалец, којшто лани како позајмен играч од Бриж настапуваше за Васланд Беверен, а претходно беше член на Вардар, Работнички, Црвена Звезда, Паралими и на Апоел, одново ќе соработува со Иван Јовановиќ. Србинот му беше тренер во кипарскиот клуб, кога пред неколку сезони заедно стигнаа дури до четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Задоволен сум од условите. Ја прифатив најдобрата понуда. Ова ќе ми биде нов предизвик и се надевам оти на него ќе одговорам најдобро што ќе можам“, изјави Тричковски на промоцијата како нов играч на Ал Наср, еден од најдобрите клубови во Обединетите Арапски Емирати.