САД

Расте бројот на жртви од ураганот Милтон на Флорида

11.10.2024 09:55

Властите прават првични проценки за штетите, додека спасувачките тимови го расчистуваат теренот по немилосрдното невреме. Жителите почнаа да се враќаат во своите домови.

Расте бројот на жртви од ураганот Милтон кој го погоди брегот на Флорида и остави пустош зад себе. Властите прават првични проценки за штетите, додека спасувачките тимови го расчистуваат теренот по немилосрдното невреме. Жителите почнаа да се враќаат во своите домови.

„Ова беше мојот дом. Кога сте во него не мислите дека ова е можно да се случи, едноставно да го снема“, изјави Наташа Дукре, жителка на Флорида.

Иако Милтон ослабна до посттропски циклон, опасноста не е помината, велат властите. Издадено е предупредување од нови можни поплави по зголемениот водостој на реките.

Милтон е вториот ураган кој за помалку од две недели го погоди западниот брег на Флорида.