Мисајловски: Денеска ја славиме храброста и одлучноста на сите што се бореа за правда и слобода
Министерот Мисајловски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание...

Министерот Мисајловски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание
„Почитувани граѓани, честит 11 Октомври – Денот на народното востание.
Денеска ја славиме храброста и одлучноста на сите што се бореа за правда и слобода и се потсетуваме на самопожртвуваноста и непоколебливоста на нашите херои од 1941 г. која не инспирира. Да ја сакаме нашата татковина, да ги почитуваме демократските вредности и да се бориме за просперитетна Македонија.
Во време кога безбедносната состојба во Европа и во светот се менува, македонската Армија останува да биде гарант на мирот, безбедноста и стабилноста во државава, регионот и пошироко“, се вели во честитката на Мисајловски.
