МВР

Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир

11.10.2024 11:05

Како што соопштуваат од МВР, пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнаа увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски“ во Чаир каде на 2-ри октомври избувна пожар во подрумските простории.

Како што соопштуваат од МВР, пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.

Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, сѐ уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините.

Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази, информираат од МВР.