СВР Скопје

Посебен режим на сообраќај во сабота во Скопје

11.10.2024 11:10

Сообраќајот на ул.„Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје известува дека во сабота на 12-ти октомври во периодот од 6 до 18 часот, поради снимање на филм на мостот Беласица, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Сообраќајот на ул.„Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.