Култура

Претставата „Мир“ ги освои сите награди на Фестивалот на античка драма „Стоби“

11.10.2024 13:42

Жирито во состав Владимир Милчин, Маја Љутков и Ненад Витанов едногласно одлучи дека гостите од Јужна Кореја имаа најдобра претстава во целина за што добија Гран при, за машка и женска улога како колективна награда за целиот ансамбл и за режисерот на претставата „Мир“ – Ли Сангмјунг.

Претставата „Мир“ на театарот „Идиот“ од Сеул, Јужна Кореја ги доби сите признанија на Фестивалот на античка драма „Стоби“, кој изминатата седмица се одржа во Велес.

Жирито во состав Владимир Милчин, Маја Љутков и Ненад Витанов едногласно одлучи дека гостите од Јужна Кореја имаа најдобра претстава во целина за што добија Гран при, за машка и женска улога како колективна награда за целиот ансамбл и за режисерот на претставата „Мир“ – Ли Сангмјунг.

На Фестивалот за античка драма Стоби во конкуренција за награди се изведоа пет претстави на театри од Сареаво, Будимпешта, Сеул, Пловдив и Скопје. Жирито наградите ги образложи пред почетокот на концертот на ансамблот „Танец“. Според нив, ова издание донесе квалитетна и разновидна програма.

Ова беше 21-ви издание на фестивалот, кое беше финансирано од Општина Велес и Министерството за култура. Поради реконструкција на античкиот театар во локалитетот Стоби, неколку години наназад фестивалот се одржува на сцената на Велешки театар „Јордан Хаџи Константиов-Џинот“.

Петар Печков