Американскиот претставник за Западен Балкан, Касаноф, денеска во Приштина
Александер Касаноф, претставник на САД за Западен Балкан, се сретна со косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Албин Курти во одвоени разговори, при што ја истакна потребата од стратешки дијалог меѓу Косово и САД...

Александер Касаноф, претставник на САД за Западен Балкан, се сретна со косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Албин Курти во одвоени разговори, при што ја истакна потребата од стратешки дијалог меѓу Косово и САД.
Османи истакна дека на Косово му е потребен стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави. На средбата се разговарало и за можноста за продлабочување на соработката во различни области од заемен интерес, како што е областа на одбраната и безбедноста.
Косово и Србија водат преговори за нормализација на односите од 2011-та година. Сепак, средба меѓу високите лидери нема повеќе од една година. Двете страни меѓусебно се обвинуваат дека не ги спроведуваат досега постигнатите договори.
