Како да се победат исцрпеноста и заморот?!
Пациентот кој пати од замор треба да конзумира хранлива храна која ќе достави доволно енергија во телото. Семето од житарки во нивната природна состојба го олеснуваат заморот и овозможуваат енергија на телото...

Главната причина на замор е намалената виталност или недостатокот од енергија кој се должи на погрешните навики на исхрана. Зачестената навика на употреба на процесирана храна како што е белиот шеќер, процесираните цералии, производите од бело брашно како и општата процесирана храна имаат лошо влијание кон организмот.
Храната која е денатурализирана на овој начин се одликува со недоволна застапеност на витамини и минерали. Исто така,определени ментални состојби можат да предизвикаат замор. Во ова се вклучени состојбите како анемија, црви во цревата, низок крвен притисок, низок шеќер во крвта, определена инфекција во телото, оштетен црн дроб, алергија кон определена храна или лек, несоница,ментална тензија, како и нерешливи емотивни проблеми. Отровите и токсините кои се појавуваат од воздухот, водата која е загадена, загаденоста на почвата, сето ова може да доведе до замор.
Пациентот кој пати од замор треба да конзумира хранлива храна која ќе достави доволно енергија во телото. Семето од житарки во нивната природна состојба го олеснуваат заморот и овозможуваат енергија на телото. Овие семиња од житарки се: семето од пченица, од жито, семето од р`ж, семето од пченка, семето од јачмен, и од овес. Тие треба секогаш да бидат свежо сомелени.
Незготвените житарки кои се конзумираат свежи се одличен избор за храна и ги содржат клучните витамини и креатори на енергија. Како надополнување на семето од житарки, потребно е и конзумирање на свежи ореви, бадеми и лешници.Пациентот треба да зема додатоци од витамини и минерали како сигурност против хранливите недостатоци кои можат да предизвикаат замор.
Недостатокот од пантотеничната киселина, или Б-витаминот всушност води кон екстремен замор бидејќи недостатокот од овој витамин се поврзува со исцрпеноста на бубрежните жлезди. Дневна доза од 30мг на пантотенична киселина или витамин Б5 се препорачува за надминување на замор.
Секако, потребно е и конзумирање на дневна доза од Б-комплекс, со определената количина од пантотенична киселина за да се избегне дизбалансот на некои витамини од Б-групата. Всушност, целата група од Б-комплекс витамини ги штитат нервите и ја зголемуваат енергијата помагајќи за потхранување и негување на жлездите за регулирање.
Храна која е богата со Б витамини е пивскиот квасец, пченичните никулци, оризот и црн дроб.Минералите се исто така важни. Потасиумот е клучен минерал за заштита од замор. Зеленчукот со зелено лисје, портокалите, компирите и леќата се богати со овој минерал. Калциумот е клучен за релаксирање и е полезен во случаи на несоница и тензија, две состојби кои можат да доведат до замор. Млекото и млечните производи, зелениот зеленчук, семето од сусам, бадемите, овесот, и лешниците се богати со калциум.
Содиумот и цинкот се исто така полезни за третирање на замор. Храната како што е целерот, краставиците, марулата и јаболките се одличен извор на содиум; додека мешункастата храна, зрнестата храна и семето од тиква се одлични извори на цинк.Урмите се одличен домашен лек за замор како и пациентите кои страдаат од замореност. Пед до седум урми треба да се потопат во вода во текот на ноќта а наредното утро да се исблендираат и да се конзумираат заедно со течноста откако ќе им се отстрани семето. Оваа смеса со урми се зема барем двапати неделно најмалку.
Грејпфрутот е одличен и полезен за надминување на замор. Земањето на чаша сок од грејпфрут и лимон во еднаков размер е одличен избор за надминување на замор и општа умореност по секојдневната работа.Растението цитронела е многу корисно кога е во прашање замореноста на мозокот или менталната умореност. Се зема ладен напиток во слободна форма секој ден. Ваквиот напиток се прави со ставање на 30гр. на ова растение во половина литар ладна вода и се остава ваквата смеса да отстои во период од 12часа. Потоа се филтрира и се конзумира во мали дози во текот на денот.Хранливите мерки се мошне витални за третирање на замор.
Студиите откриваат дека луѓето кои применуваат закуски во периодот помеѓу оброците патат помалку од замор или нервоза, размислуваат побистро и поефикасно за разлика од оние кои конзумираат само три оброка на ден. Овие закуски треба да се состојат од свежо и осушено овошје, свеж зеленчук или мали сендвичи од интегрален леб. Овие закуски треба да се мали, значително помали за разлика од главните оброци. Закуските треба да се применуваат определен период од денот, како на пример, во 11ч, во 16ч. во период предвиден пред одмор.роничниот умор предизвикан поради слаба циркулација може да се лекува со секојдневни физички вежби. Тоа помага за ослободување од тензијата, доведува степен на свежина, ја обновува енергијата и го провоцира сонот.
Малите прошетки, возењето со велосипед, работење во градина, играњето тенис или голф се одлични форми на физичка активност. Масажата, ладните апликации, или пак студените и врелите купки, сето ова ги стимулира мускулите за да ја обноват својата активност, притоа ослободувајќи се од уморот. Тие не само што го уништуваат чувството на замор, но имаат и вистински ефект на тоник.
