Македонија

Димитриевски: Етничката припадност не треба да е привилегија за вработување

11.10.2024 14:00

Етничката припадност не треба да е привилегија за вработување, треба да се даде шанса на квалитетот – изјави лидерот на ЗНАМ...

Етничката припадност не треба да е привилегија за вработување, треба да се даде шанса на квалитетот – изјави лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за укинувањето на балансерот и реакциите од опозициските партии.

„Сите граѓани мора да имаат еднакви права и етничкиот предзнак не треба да биде привилегија на некои во делот на вработување, освен да се залагаме за политички квантитет, треба суштински да се заложиме за добиеме квалитет и да им дадеме шанса на најквалитетните без разлика кој од која етничка заедница доаѓа или пак од македонскиот народ. По основ на „балансерот“, Уставниот суд си го кажа своето и јас тука не можам ништо да коментирам“, изјави Димитриевски.

Тој го честиташе 11 Октомври на граѓаните, укажувајќи дека Куманово традиционално и достоинствено го одбележува Денот на македонската борба против фашизмот и повика на сплотеност, сложност на сите граѓани на државата.