Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја подари државата, не смееме да дозволиме историски ревизионизам
Во Музејот на македонската борба за самостојност свечена академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание...

Нашите предци се сплотија за заедно да го постигнат тоа што не можат да го постигнат засебно – слободна македонска држава, втемелена врз праведни идеали, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Во Музејот на македонската борба за самостојност свечена академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.
„Нас никој не нè ослободи, сами се ослободивме со помош на над 110-илјадна народноослободителна војска на Македонија. Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа. За нас, антифашистичката беше и истовремено народноослободителна војна во која дадовме 24 илјади жртви. Затоа ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народноослободителната и антифашистичката борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели, врз кои е изградена македонската држава“, нагласи во својот говор претседателката Сиљановска Давкова.
Известува Анита Димитријевска-Велковска
