Да не се заборави минатото и да се гради иднината- Прилеп го чествува 11 Октомври
Со пораки да не се заборави борбеното минато и да се гради иднината, но и добрососедските односи, но и да се зачуваат традицијата и државата, во Прилеп се чествува 11 Октомври, Денот на народното востание…

Победничкиот истрел од 11 Октомври пред 83 години не бил само симболичен чин. Тоа е и автентично сведоштво за определбата на македонскиот народ да се истрае на балканските ветришта, да се биде на страната на антифашистичката коалиција, посочи Рубинчо Белчески, претседател на Сојузот на прилепските борци при денешното чествување на празникот на Могилата на непобедените, каде се моштите на загинатите борци од Народното востание.
Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој ја предводеше владината делегација, порача да ја зачуваме традицијата, да ги одржуваме добрососедските односи, но и да ја зачуваме државата.
Во името на градот херој, стигна пораката и дека имаме обврски спрема сегашноста и иднината, ама останува споменот за минатото.
Прилеп има голем влог во историјата.
Елизабета Митреска
