Македонија

Меџити: Му помина рокот на балансерот, со новиот механизам ќе има правична етничка застапеност

11.10.2024 20:11

Изет Меџити денеска во изјава за медиумите информира дека во наредните денови ќе се формира работна група составена е професори од универзитети во земјава кои ќе разговараат за моделите и предложените закони, и ќе го изнесат најдобриот закон со кој ќе се регулира прашањето за правична и соодветна застапеност на етничките заедници во Македонија...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите информира дека во наредните денови ќе се формира работна група составена е професори од универзитети во земјава кои ќе разговараат за моделите и предложените закони, и ќе го изнесат најдобриот закон со кој ќе се регулира прашањето за правична и соодветна застапеност на етничките заедници во Македонија.

Според Меџити, суштинскиот проблем е тоа што албанските партии во минатите влади дозволиле закон или закони да се носат со две мнозинства и му овозможиле на Уставниот суд да ги укине само со просто мнозинство.

„Ќе биде во духот на тоа да се почитува уставната категорија на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во Македонија со тоа што нема да му се даде можност на Уставниот суд во иднина да го укинува овој закон како што досега укина неколку закони. Ќе биде во духот на тоа да се почитува уставната категорија на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во Македонија со тоа што нема да му се даде можност на Уставниот суд во иднина да го укинува овој закон како што досега укина неколку закони. И тука доаѓаме до суштинскиот проблем што албанските партии во минатите влади ни го оставија во наследство, дозволија закон или закони кои се донесуваат со многу труд и политички вложувања да се носат со две мнозинства (со просто мнозинство и Бадинтеровото мнозинство) и му овозможија на Уставниот суд утре да ги укине само со просто мнозинство. Ова е главниот дефект што го оставија оние кои денес плачат, бидејќи да беше поинаку, на седницата за балансерот тројцата судии, двајца Албанци и еден Турчин, гласаа против и немаше да се укине механизмот за балансерот“, рече тој.

Меџити посочи дека овој проблем не е само за балансерот, туку за сето тоа што произлегува од Охридскиот договор и што има врска со идентитетот на Албанците и другите етнички заедници во Македонија кои не се мнозинство и овозможила сето постигнато да падне во вода преку ноќ