Предложен новиот состав на заедничкиот мешан комитет на Европскиот парламент и Македонското Собрание

17.07.2014 13:02

Конференцијата на претседателите на Европскиот парламент го одобри предлогот за назначување на членовите на меѓупарламентарните делегации, меѓу кои и заедничкиот мешан комитет на Европскиот парламент и Македонското Собрание, најмногу европратеици има од Хрватска и Бугарија...

Во новиот состав на мешаниот комитет на Европскиот парламент и Македонското Собрание, Европскиот парламент предлага 13 европратеници. Меѓу нив има потврдени пријатели на Македонија, посебно европратениците кои доаѓаат од Хрватска и Словенија.

Така од групата на народните партии ги предложи Ивана Малетиќ (Хрватска) Алојз Петерле (Словенија), Маријана Петир (Хрватска) и Мариа Спираки (Нова демократија – Грција).

Од групата на Социјалистите и демократите се предложени Билјана Борзан (Хрватска), Изабела Де Монте (Италија) и поранешниот бугарски премиер Сергеј Станишев (Бугарија).

Од Бугарските европратеници како член на делегацијата е предложен и контраверзниот Ангел Џамбазки од Групата на европските конзервативци и реформатори.

Бугарска европратеничка доаѓа и од групата на либералите, тоа е Искра Михајлова.

Обединетата левица, исто како и групата на Европа на слободите и директна демократија. немаат се уште предложено свој кандидат

Од групата на зелените и слободната европска алијанса за член на делеагцијата е предложен пријателот на Македонија германецот Микаел Крамер. Додека од групата на незапишаните европратници е грчкиот комунист Сотирос Зарианопулос со потекло од Солун.

Претседателот на делегацијата ќе биде избран во септември или октомври, а најчесто за оваа функција се споменува името на поназтиот словенечки политчар, Алојз Петерле.

Исто така како можен известувач за напредокот на Македонија во Комисијата за надворешни работи се споменува британскиот лабурсит и досегашен известувач Ричард Ховит.Имено во оваа комисија се подготвуваат извештаите и резолуциите за напредокот на Македонија, како земја кандидат.

Тони Гламчевски