Европа и САД ги осудија нападите на Израел врз мировници на ОН во Либан
Вооружените судири во Либан и во појасот Газа се водат со несмалена жестина. Бројот на убиени во израелскиот воздушен напад на бегалскиот камп Џабалија се зголеми на 25...

Вооружените судири во Либан и во појасот Газа се водат со несмалена жестина. Бројот на убиени во израелскиот воздушен напад на бегалскиот камп Џабалија се зголеми на 25.
Францускиот претседател Макрон ги осуди како потполно неприфатливи, како што рече, намерните напади на израелската војска на мировниците на обединетите нации во Либан.
Тел Авив со реакција, дека одговориле на закани. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го повика неговиот израелски колега да ја осигури безбедноста на силите на УНИФИЛ.
Познавачите на приликите сметаат дека Хезболах се подготвува за долга и исцрпувачка војна во јужен Либан, по убиствата на членови на највисокото раководство и водачот Сајед Хасан Насрала.
