САД

Милтон зад себе остави пустош, Флорида ја проценува штетата

12.10.2024 09:31

Жителите на Флорида се борат со поплавите и ја проценуваат штетата на нивните домови, откако ураганот Милтон предизвика силно невреме.

Жителите на Флорида се борат со поплавите и ја проценуваат штетата на нивните домови, откако ураганот Милтон предизвика силно невреме.

Јачината е намалена, но зад себе ураганот остави пустош. Десетици загинати, милион и пол евакуирани, над два милиона се без струја.

Според прелиминарните проценки на Националниот центар за урагани, Милтон предизвикал покачување на нивото на морето од 150 до 300 сантиметри долж брегот на Флорида.