Струмица

Струмица преку ЕХТА до поголема промоција на Бања Банско

13.10.2024 11:58

Бања Банско и Струмица ќе влезат во Европската мрежа на места со историски геотермални води што ќе придонесе и поголема промоција на ова место. За таа цел потребно е да се инвестира во Римските терми и Турската бања за да се докаже континуитетот на Бања Банско дека било место за лекување со векови...

Струмица е на прагот за влез во EXTA мрежата на европските градови со историски термални места што ќе овозможи поголема промоција на Бања Банско како туристичка дестинација. Банско е познато по геотермалната вода но и археолошките локалитети Римски терми и Турската бања што претставува одличен потенцијал за туризам.

Агенцијата заедно со хидротермалниот центар Цар Самуил се подготвени да инвестираат за да се зачува природното и културно наследство во Бања Банско оти бањскиот и велнес туризмот стануваат се поатрактивни во Европската унија.

Со влегувањето на Струмица во ЕХТА се очекуваат и поголем број туристи и посетители во Бања Банско каде последниве години се инвестира и во сместувачки капацитети.

Европската мрежа на градови со историски термални места е можност и за поголема промоција на останатите културно историски и природни потенцијали на Струмица и струмичкиот регион.

 

Ване Трајков